Британскиот сој на вирусот сè поблизу до Македонија – по Србија, потврден и во Словенија

Откако Србија го потврди првиот случај на новиот, британски сој на коронавирусот, тоа го стори и Словенија.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти дека вирусот го донел маж од Косово со привремен престој во Словенија, а кој се вратил од Белгија, за што ги известиле и белгиските власти.

За влез во Словенија болниот користел негативен тест, иако имал и друг што бил позитивен, па е ставен во изолација и се проверуваат неговите можни контакти, извести Јанша на вонредна прес-конференција.

За првиот регистриран случај во Србија со детали министерот за здравство Златибор Лончар.

„Станува збор за жена на возраст од 58 години, која најверојатно се заразила во авионот од Лондон. Била негативна по доаѓањето, но по два-три дена добила позитивен резултат откако ѝ се слошило. Нејзиниот сопруг брзо покажал симптоми, завршил со обострано запаление на белите дробови. Им дошла и снаата од Тузла, која исто така се заразила, но немаше потреба за вакцинација“, објасни Лончар.

По направените испитувања во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од Министерството за здравство тврдат дека досега во Македонија не е откриена британската мутација на коронавирусот.