Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во близина на Скопје на падините на Скопска Црна Гора фотографирал чудна геометриска фигура.
Гарет снимил круг направен од камења и од неговите следбеници и корисници на Твитер бара одговор што може тоа да биде.
“На скопска црна гора го видов овој камен круг. Геометриски точен е. Кој знае зашто бил создаден”?, прашува Гарет.
Дел од одговорите се сериозни па македоснки археолог бара точни координати на кругот во приватна порака со цел да не им се открие локацијата на дивите копачи.
Друг упатен вели дека е можно да се работи за остатоци од растурен тумул (burial mound) од железно време (10-7 век пред н.е.).
На прашањето на Гарет има и шеговити одговори како:
– Стоунхенџ за сиромашни
– Странски служби имале тука центар за комуникација. Жолтото комбе вртело низ центар и до таму ги испраќало информациите.
Во дел од одговорите во навредлив контекст се споменува и амбасадорот и англиската кралица но тие од разбирливи причини expres.mk нема да ги објави.