Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство го избриша соопштението на „Твитер“ во кое се тврди дека хемискиот агенс што бил искористен против Сергеј и Јулија Скрипал бил направен во Русија, пишува „Гардијан“.
Денеска, руската амбасада во Лондон објави „скриншот“ од твитот на британскиот Форин офис од 22 март, во које се вели дека лабораторијата во Porton down открила дека нервниот гас бил произведен во Русија.
„Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, се соочува со незгодни прашања во врска со неговите тврдења дека Русија го произвела нервниот агенс употребен во труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал во Салзбери откако се дозна дека Министерството за надворешни работи го избришало „твитот“ во кој се обвинува Москва за нападот“ пишуав „Гардијан“ .
Пред да биде избришан, „твитот“ бил сочуван од руската амбасада во Лондон, и тоа ги продлабочува тешкотиите на британската влада, откако вчера, дополнително, британски научници од лабораторијата за истражување бојни отрови, објавија дека не можат да утврдат дека нервниот агенс кој бил искористен против Сергеј и Јулија Скрипал – бил направен во Русија.
Во избришаниот „твит“ на британскиот Форин офис од 22 март се вели:
„Анализата на водечки светски експерти од Лабораторија за одбранбена наука и технологија Porton down, јасно ставија до знаење дека ова бил боен нервен агенс произведен во Русија“.
Руската амбасада во Лондон денеска на Твитер постави прашање зошто бил избришан „твитот“ од 22 март.
По ова, Министерството за надворешни работи издаде појаснување дека британската премиерка (Тереза Меј) била јасна дека сомневањето за потеклото на гасот било „само еден дел“ од целата разузнувачка истрага.
Последното соопштение ги поттикна тврдењата на Кремљ дека Велика Британија лажела за потеклото на „новичок“ и побара извинување од Тереза Меј.
Министеот Борис Џонсон сега сега е под зголемен притисок да објасни дали владата ја сменила својата позиција, пишува „Гардијан“.