Британската премиерка нема да се сретне со Бајден кој е во Лондон

Средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и британската премиерка Лиз Трус е одложена за среда следната недела, на маргините на Генералното собрание на ОН во ЊЕујорк.

Ова го објави Политико, повикувајќи се на информации од кабинетот на британскиот премиер.

Според претходните информации, средбата била закажана за денеска во Лондон, каде Бајден во понеделник ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Не беа наведени причините за одложување на средбата.