Двајца од секој трет испитаник позитивни на ковид пријавиле дека претходно имале коронавирус, според студијата REACT (проценка на преносот на заедницата во реално време) предводена од Лондонскиот империјален колеџ и Ипсос Мори, пренесе „Гардијан“.
„ Помеѓу 3.582 позитивни луѓе, 2.315 (64,6 проценти) пријавиле претходна инфекција“, се вели во студијата.
Студијата тестираше повеќе од два милиони луѓе, а најновите наоди, за првите две недели од 2022 година, се засноваат на околу 100.000 тестови за ПЦР кои беа испратени до волонтери.
Околу 4.000 беа позитивни, што е убедливо највисока стапка од почетокот на пандемијата.
Две дози обезбедуваат мала заштита од зафаќање на омикрон, иако заштитата од тешка болест опстојува. Но, бустер-дозите се воведени со висока стапка од доаѓањето на омикрон, со цел да се зголеми заштитата на луѓето .
