Војводата и војвотката од Сасекс соопштија дека сакаат да се повлечат од должностите членови на кралското семејство и дека сакаат самостојно да работат за да станат финансиски независни.
„По повеќемесечни размислувања и внатрешни превирања, решивме да направиме промена…Сакаме да се повлечеме како високи членови на кралското семејство и да работиме да бидеме финансиски независни додека постојано и целосно ќе го поддржуваме нејзиното кралско височество“’ објавија Меган и Хари.
Двојката вели дека има намера да го поминува времето во Велика Британија но и во Северна Америка, со натамошно „поичитување на нашите должности кон кралицата, Комонвелтот и сите кои се под наше покровителство…
Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го воспитаме нашиот син во духот на кралската традиција во која е роден, но, исто така, ќе му обезбедиме на нашето семејство простор за да се фокусира на следното поглавје (во животот), вклучително и започнување на нов добротворен проект.
Медиуми во Британија шпекулираат околу вистинските причини за оивој чекор на Хари и Меган – од тоа дека постои анимозитет меѓу кралицата и сопругата на принцот Харии па се до таму, дека за ова тие не ја ни известиле Кралицата Елизабета Втора.