Британскиот парламент по трет пат го отфрли договорот за напуштање на ЕУ, што е уште еден пораз за премиерката Тереза Ме.
Ова значи дека Велика Британија мора да ја напушти Унијата без договор до 12 април, освен ако владата не успее да го продолжи крајниот рок со Брисел.
Тереза Меј во средата вечер понуди оставка, за да ги убеди пратениците да го прифатат договор. Некои конзервативни претставници ја условуваат нивната поддршка на договорот со нејзиното заминување.
„Последиците од таквата одлука ќе бидат тешки“, рече Мај, истакнувајќи дека сега следува напуштање на ЕУ без договор и тоа на 12-ти април.
Голем број демонстранти кои се против одложувањето на напуштање на Европската унија маршираа во центарот на Лондон, веејќи британски знамиња и извикувајќи „Збогум, збогум ЕУ“.