Експертите на ICE Headshop создале онлајн алатка на интернет за да откријат од кој порок најтешко се откажуваат Европејците.

Од 40 анализирани европски земји, во 28 сметаат дека пушењето е најтешката навика за откажување, а од вкупно 850.440 пребарувања совет совет на интернет како да се откажат од нивната никотинска навика се Британците (166.440), Турците (124.560) и Шпанцие(122.040).


Алкохолот е втората најтешка навика за откажување и се појавува во првите резултати за многу европски земји, но е најтешката навика за откажување само во седум.

Бугарија (2040), Италија (32760) и Литванија (3120) се меѓу земјите каде луѓето најтешко се откажуваат од алкохолот.

Третата најтешка навика во Европа е шеќерот, а Белгија (6.000) и Луксембург (1.560) се меѓу четирите земји на кои им е најтешко да ги исфрлат своите слатки.

Кафето е четвртата најтежок порок: Комбинираните годишни пребарувања за тоа како да се престане со топлиот пијалок кој предизвикува зависност достигнува нешто повеќе од 35.000.

Србија (1.560) е единствената земја каде што луѓето најтешко да се откажуваат од кафето. БГНЕС