Голем успех на македонскиот танцов клуб Брејк А Лег од Скопје, на меѓународниот натпревар Бања Лука Денс Фест 2022 кој се оджа на 17 Декември во Бања Лука, Босна и Херцеговина со учество на 1200 натпреаварувачи од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија.


Брејк А Лег беа победници на гала вечерта во категоријата група и формација, како и шампиони во категоријата хип хоп формација јуниори и хип хоп група сениори.


Во поединечни категории Исидора Андреевска освои прво место во категоријата хип хоп соло сениори, а Лавинија Волнарска го освои третото место во истата категорија.
Ангела Казанџиска освои прво место во категоријата хип хоп бетл Јуниори 1, како и второ место во категоријата хип хоп соло јуниори 1.