Бразилски политичар е во притвор откако фрлил гранати врз полицајците кои дошле во неговата куќа во државата Рио де Жанеиро за да го уапсат.

Роберто Џеферсон, сојузник на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро, рани двајца полицајци пред да се предаде во неделата, јави Би-Би-Си.

Судија на Врховниот суд претходно му одреди притвор.

Двајцата полицајци беа ранети од шрапнел од граната.

Џеферсон, 69-годишниот поранешен лидер на политичката партија ПТБ, исто така испукал голем број истрели од пушка, кршејќи ја шофершајбната на полициски автомобил.

Судијата на Врховниот суд нареди политичарот да биде притворен со образложение дека ги прекршил условите за домашен притвор.