Бразил ја отфрли понудената помош во висина од 20 милиони евра од земјите на Г7 за борба против пожарите во Амазон, изјави висок официјален претставник на Бразил.

„Ние се заблагодаруваме ( на Г7 за понудената помош), но овие средства ќе бидат потребни за пошумување во Европа“, напиша Оникс Лоренцони, шеф на канцеларијата на бразилскиот претседател Болсонаро.


„Макрон дури не успева да спречие предвидлив пожар во црква која е дел од светското наследство , а сака да дели лекции на нашата земја“, рече Лоренцони алудирајќи наа пожарот „Нотр Дам“ во Париз на 15 април.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека земјите од Г7 ќе издвојат 20 милиони долари за борба против пожарите во Амазон.