Бразил не дава муниција за германските „леопарди“ за Украина

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва одби да ѝ продаде на Германија муниција за нејзините тенкови „леопард“ за околу пет милиони долари, која подоцна би ѝ била предадена на Украина, сметајќи дека таквиот потег Москва може да го протолкува како провокација.

Муницијата што Бразил одби да им ја продаде на Германците била наменета за тенковите „Леопард 1“, односно типот што му претходи на моделот што Берлин му го ветил на Киев.


Според весникот „Фолја до Сао Паоло“, Лула размислувал да побара гаранции од Берлин пред продажбата дека муницијата нема да падне во рацете на Украинците, но подоцна сфатил дека таквото барање ќе биде бесмислено.

Бразилскиот дневен весник оценува и дека потрагата по муниција за постари „леопарди“ е сигнал дека во пакетот воена помош што Германија го наменила за Украина има борбена техника која досега не се споменува.