Братучед на Заев е лиценциран производител на канабис

„Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата ‘Мам’ за да произведува канабис“, потврди денеска во одговор на пратеничко прашање во Собранието, премиерот Зоран Заев.

Како што пренесува Радио слободна Европа  премиерот информирал дека вкупната инвестиција ќе достигне над од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.

Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис, како што пренесува А1.он, независно дали станува збор за член на семејството Заеви и повика секој што има ресурси – да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна, а државата очекува нови вработувања и 100 милиони евра прилив.