Братот на Сашо Орданоски на Божик се потсмева со Христовото раѓање (ФОТО)

Братот на новинарот Сашо Орданоски, кој доби огромни финансиски средства од Фондот за иновации за контроверзен проект, на празникот Божик им се потсмева на тие што го слават Христовото раѓање.

Во пост на Твитер, Ванчо Орданоски, најверојатно со цел да испровоцира реакции, намерно Господ го нарекува ‘ГоспоТ’ и прави шеги и на сметка на Христос.

„Во Австралија паднал дожд.
Госпот ги видел вашите пиететни обреди за Божик, вашето рисјанско в’тење в’тење в’тење лепче, пеењето безобразни песни покрај огновите, и се смилувал…
Литл бејби џисз и литл бејби Јода се задоволни”, пишува Ванчо Орданоски на ден Божик, кога најголемиот дел од Македонците го слават еден од најважните христијански празници.

Еден од тие што ставил лајк на навредливиот статус е Џабир Дерала, уредник на два медиума кои ја бранат СДСМ.

Да се биде атеист и да не се слават верски празници е право на секој човек, но да се тера мајтап со религиските уверувања и празнувања на други луѓе е чист говор на омраза и обид да се издејствуваат поделби меѓу луѓето, се вели во некои од коментарите за статусот на братот на Сашо Орданоски.

Некои од коментаторите, пак, велат дека провокациите на Ванчо Орданоски се намерно направени за да создаде контекст за одбрана кога ќе започне истрагата за парите добиени од Фондот за иновации.

Според повеќе извори, меѓу десетината проекти кои ќе ги истражува новиот министер за внатрешни работи во Фондот е и контроверзниот проект на Орданоски, за кој постои сомневање дека е копиран од индиска фирма.