Братот на Мухамед Зекири во СЕП дошол како “Рамковен”

Потврдени наводите на разочараниот член на СДСМ и експерт за евроинтеграции дека братот на Мухамед Зекири кој е потпреседател на СДСМ е вработен во СЕП.

Братот на Мухамед Зекири, Енис е вработен во владиниот Секретаријат за Евроинтеграции за време на техничката влада во 2016 година.

Тој работи на позиција помлад соработник, а предходно работел во Секретаријатот за спроведување на охридскиот договор, информираат извори од СЕП.

Енис Зекири формално во владата е вработен и добивал плата од 2011 година но до 2016 година никогаш не одел на работа и не добил работна позиција односно се водел како “Рамковен”.

Предходно во исповест за expres.mk експерт за ЕУ се пожали дека за него немало место во СЕП а позиција имало за братот на потпретсесателот на СДСМ кој нема големо искуство со ЕУ интеграциите.

Исповест на експерт за ЕУ: Останав на улица а братот на Мухамед Зекири вработен во владата