Двајцата браќа кои денеска загинаа откако врз нив се одронила земја, работечле на на објект за кој изведувачот немал дозвола за градежните работи, утврдија инспектори на Општина Чаир.

„Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – сабота“, велат од Општина Чаир.

Несреќата се случила кај поликлиниката во Чаир, а покрај загинатите има повредено уште едно лице.

Загинатите лица се на 26 и 28 годишна возраст, а повреденото лице има 54 години, дознава Макфакс.