Божиновски за Ковачевски: Инсталиран квинслинг и криминалец, кој ја води земјата во пропаст со забрзано темпо

Сценаристот и режисер Божидар Божиновски му посвети објава на Фејсбук на премиерот Димитар Ковачевски, без да го наведе по име.

„Премиер кој нема освоено ниеден глас на избори сака да менува устав, одлука против која се 80 отсто од Македонците.


Премиер кој никој не го гласал носи закони со кои се кршат работничките права, се крши Уставот, се уништуваат археолошки наоѓалишта, се уништува природа.

Премиер кој никој не го избрал секојдневно прави милионски криминали, ја задолжува земјата, склучува криминални договори кои ќе ги плаќаме со децении.

Немаме демократска власт, имаме инсталиран квинслинг и криминалец, кој ја води земјата во пропаст со забрзано темпо. Нема ден да не направи огромни штети.

А ние? Штом сме тивки и не сме на улица, изгледа ни е добро“, коментира Божиновски.