Божиновски за државниот молк за „Цар Борис Трети“: Нормално, кога на власт се поголеми Бугари од Каракачанов

Сценаристот Божидар Божиновски без „сопирачки“ во однос на молкот од власта во државава за отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Нормално, кога на власт имаме поголеми Бугари од Каракачанов, а ги поддржуваат оние што повторно би ги убиле и Корчагин, Стив, Страшо, Мите, Дуња, Елпида, децата од Ваташа, повторно би ги пуштиле Евреите во логори само за нивната работа и хонорари…“, е краткиот, но жесток коментар на Божиновски за „реакцијата“ на државата што се сведе на повикот од Министерството за надворешни работи за „зрело и достоинствено однесување“ на утрешниот протест за отворањето на клубот именуван по сојузникот на Хитлер.