Аналитичарот Владимир Божиновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека кога се говори за избори, доколку утре се договорат партиите изборите ќе бидат за 100 дена од сега.
„Што значи дека избори предвремени би биле евентуално следниот април, не говориме за утре , не говориме за ноември, односно декември, јануари, февруари. Пак ќе кажам, наместо да се прави сега притисок врз опозицијата и врз опозициските пратеници, и ако ги немаат инструментите што ги имаше 2016 кога имаше пратеници под кривични пријави, кога знаеме се влечеа директно од притвор за да гласаат. Сега е сосема поинаква ситуацијата“, вели Божиновски.
Според него, сега има пратенички состав кој што очекува дека на следните избори ќе дојдат на власт.
Линк до видеото од целата изјава.