Божиновски: Орце Камчев е на работ на смртта

Новинарот Зоран Божиновски ноќва објави дека бизнисменот Орце Камчев кој се наоѓа во истражниот затвор Скопје во Шуто Орозари е на работа на смртта.

“Да не биде не сум објавил. Орце Камчев во Шутка е на работ на смртта.

Камчев предходно беше носен на скопската клиниката за кардиологија поради здравствени проблеми а судот не дозволува да се брани од домашен притвор иако нудеше сериозна финасиска гаранција.

Иако против него нема обвинение тој во неколку наврати добива затворски притвор.

Божиновски кој и сам мина долго време во истражен и екстрадиционен притвор не дава повеќе детали за состојбата на бизнисменот кој со објавените информации во случајот Рекет речиси ја урна владата на Зоран Заев.

Орце Камчев беше однесен во притвор со лажна белешка на Агенцијата за национална безбедност за предметот Плацеви на Водно откако предходно од обвинителството се гонеше за случајот Империја која по долга истрага нема напредок и најверојатно ќе пропадне.

Во една аудио бомба во која се слуша глас на еден од најмоќните македонски политичари се слуша дека тој ќе му загорчи животот на Орце Камчев.