Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека ситуацијата сега е м,ногу поразлична од времето кога беше изгласан „преспанскиот“ договор и кога некои претаници беа принудени да гласаат за промена на името на државата.

сега нема сега начин на пратеник кој доаѓа од опозиција да го убедите да гласа за уставни измени“, реќе Божиновски во гостување вчера во дневникот на Сител.


За посетата на Габриел Ескобар, заменикот- помошник државен секретар на САД, Божиновски вели дека се направи фама дека доаѓа да ја реши ситуацијата и дека опозицијата ќе попопушти, но реалноста е да види дали има можност дали има излез од оваа пат ситуација.

„САД секогаш се тука кога и треба помош на Македонија и Ескобар доаѓа да види дали има можност да се излезе од оваа пат позиција.

Не е дојден на некој „да му витка“ рака“ рече Божиновски.

Според него, сега има опција опозицијата да прифати, што е неверојатно, затоа втората опција е да има избори што е поверојатна опција ако сакаме излез.

И трета опција е ништо да не се смени.

„Втората опција за предвремени избори има повеќе шанси , затоа што власта го изгуби легитимитетот за носење на крупни одлуки“, оценува Божиновски.

Имаме премиер, кој скоро и никој не го знаеше пред да биде поставен на таа функција. Ако сакате да донесете некоја важна одлука за државата, треба да имате легитимитет,“ рече Божиновски.