Божиновски: Историјата, јазикот и идентитетот се испреплетуваат, губење на едно значи губење на сите три

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со крајно сериозна објава на социјалната мрежа.

„Јазикот не е загарантиран доколку се менува историјата. Ни идентитетот не е загарантиран ако се менува јазикот. Трите точки – историја, јазик и идентитет се испреплетуваат. Губење на едно значи и губење на сите три и овде нема мали отстапки. Нема средина и компромис – има самоукинување“, констатира Божиновски.