Божик и Нова година честитани и на македонски јазик на албанската државна телевизија

Честитка за божикните и за новогодишните празници и на македонски јазик беше емитувана на албанската државна телевизија, заедно со честитките на јазиците на другите малцинства во државата.

„Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различностите. Честит Божик, среќна и бериќетна 2021 година“, порача Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик што се емитува на вториот канал.

За првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана во пресрет на 2015 години и ја упати Нико Китани, претставник на Македонците во Државниот комитет за малцинства, пишува весникот „Илинден“ на истоименото македонско друштво од Тирана.

Емисијата на македонски јазик се емитува од 28 септември 2017 година, секој работен ден, кога од 18:50 до 18:55 часот одат вести, потоа и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, поврзани со македонската култура, традиција, обичаи.