Профил на социјалната мрежа Твитер кој промовира позиции на СДСМ а постојано го критикува ВМРО-ДПМНЕ тврди дека професорката Каролина Ристова Астеруд пишува текстови за порталот Курир кој е близок до опозицијата.
Таканаречениот “Бот” на СДСМ објавува принтскринови од електронскиот систем на порталот Курир на кој го има и името на професорката Каролина Ристова – Астеруд а според тврдењето таа има и административен пристап до порталот односно сама може да влегува во системот и да објавува текстови од било која локација.
Професорката Ристова – Астеруд е член на СДСМ и поранешна пратеничка но таа никогаш немала колумна во Курир како што имале другите личности за кои се објавени принтскринови.
“Ова е листа на сите акаунти-имиња поврзани директно со ВМРО кои се админи и автори на Курир, Република, Инфомакс.
Сите имаат пристап да пишуваат, објавуваат и контролираат вести директно на порталите во било кое време и од било кое место”, пишува профилот на Твитер објавувајќи принт скрин на кој се гледа името на Астеруд – Ристова.
Ристова Астеруд е еден од најсилните критичари на власта за законот за јазиците и за Преспанскиот договор а деновите е актуелна со нејзините критики за злоупотребата на Владата на вонредната состојба во однос на човековите права.
Expres.mk ги поседува но не ги објавува принтскриновите од профилот близок на СДСМ затоа што постои опасност објавата да е материјален доказ во постапка пред одделот за компјутерски криминал поради кривично дело поврзано упад во електронски систем.