Новинарот Борјан Јовановски со реторичко прашање на Твитер инспирирано од актуелниот лов на рекетари во Македонија.
„Кладата дали е запалена денеска прописно? И кој ќе се гори?“, прашува Јовановски, пред саркастично да го прокоментира записникот со изјавата на Орце Камчев за тоа кој сè и како го рекетирал.
„Се очекува во записникот да се пронајде исказ на Орце за тоа дали земјата е плоча и тука да ставиме крај на таа полемика“, твитна авторот и водител на емисијата „Еврозум“ и учесник во т.н. Шарена револуција.
(Фото: Фејсбук-профил на Борјан Јовановски)