Борисов: За потсмев сме – пет пати одржуваме избори

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов е разочаран што бугарија веќе две години не може да состави стабилна влада.

„Станавме за потсмев во Европа и на Балканот – пет пати одржуваме избори“, изјави Борисов на партиски митионг синоќа во Пловдив на кој на симпатизерите им ги претстави носитетелите на кандидатски листи за парламентарните избори вакажани за април.

„Тоа се оние кои знаат и умеат, оние кои се докажаа, но ГЕРБ издигна и нова млада армија, што е гаранција дека никој не може да ја надмудри’, рече Борисов, пренесоа медиуми.