Борисов: За 10 години изградивме над половина милијарда километри автопат (ВИДЕО)

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, во предиборна кампања за претстојните парламентарни избори се пофали со сработеното за 10 години и во обид да ја претстави работа на како премиер за најдобра – „малку“ го претера:

„250 пречистителни станици. Над половина милијарда километри автопат за само 10 години. Кој направи повеќе – БСП? Слави Трифонов?“

Видеото со неговата изјава веднаш се поставено на Јутуб и беше споделено на социјалните мрежи по што предизвика лавина коментари:

„Борисов асфалтирал половина милијарда километри автопати. 500 000 000 км. Растојанието до Марс е помало – 362 милиони км“ е еден од многуте.

„Ако Борисов има изградено повеќе од половина милијарда километри патишта од прва класа, ова е повеќе од 3 пати од растојанието од Земјата до Сонцето.

Брза проверка на веб-страницата на Националниот завод за статистика покажува дека заклучно со 31 декември 2020 година вкупната должина на патната мрежа во Бугарија е 19 917 км. Од нив, должината на автопатите е 806 км“ објавуваат медиуми.