Борисов сака заедничка влада со Петков!

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ сака да формира коалиција и да состави влада со неговиот најголем политички ривал Кирил Петков, односно со коалицијата ПП-ДБ што тој ја предводеше за парламентарните избори одржани на 2 април.

Во 240-членото Народно собрание, коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-ДПС освои 69 пратенички мандати, а таа на Петков само пет помалку.

„Сакам да формирам влада со ПП-ДБ. Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Денеска ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми. Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси“, вели Борисов како шренесуваат бугарски медиуми.