Премиерот Бојко Борисов ја испрати вицепремиерката и министер за надворешни работи Екатерина Захариева во Берлин, каде што вечерва на покана на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи дискретна средба со претставници на владата на Република Македонија, јави БГНЕС.

Целта на разговорите во германската престолнина е Бугарија да ги потврди условите под кои би можела да го поддржи почетокот на преговорите за РМ за членство во ЕУ.
Захариева се очекува да го претстави цврстиот став на Софија, нагласувајќи дека има сè помалку временски простор, кој останува сè додека не се донесе одлука. Останаа само уште неколку дена во кои ЕУ треба да одлучи дали РM ќе започне или не суштински преговори, јави агенцијата.