ГЕРБ ќе разговара со партијата на која претседателот Румен Радев ѝ го додели третиот мандат, изјави лидерот на партијата Бојко Борисов.

Тој воено предупреди дека или мора да има влада или да има промена на изборниот систем, пренесе БГНЕС.

Според него, ако се оди на петти по ред парламентарни избори за две години, треба да се бара нов системски модел и ја посочи грчката опција со бонус за партијата што победила на изборите.

„Ќе почекаме да видиме на кого претседателот ќе му го додели мандатот и ќе учествуваме во разговорите со нив, бидејќи и да одиме на избори, мора да размислуваме што по петтите избори: Или мора да има влада, или ние всушност мора да размислуваме за промена на системот за гласање“, рече Борисов.
.
Тој го спомена грчкиот модел кој овозможува бонус за победничката партија, која и да е, мнозински систем…