Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер вели дека имал разговори за состав на влада со најслабо рангираната партија која влезе во новиот бугарски парламент „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

На повеќе теми, главно евроатлантски, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Република Македонија, чие вето беше укинато токму на иницијатива на ГЕРБ, пронашле заеднички јазик меѓу партијата на Борисов и „Има таков народ“, пренесува Њуз Бг, повикувајќи се на изјава на Борисов.

„Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на Република *Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател“, рече Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили.

Тој сепак одби да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ.

Тошко Јорданов од ИТН рече дека партијата на шоуменот Слави Трифонов има еден основен принцип – ќе ги поддржи „вистинските работи“, без разлика од која партија доаѓаат идеите…