Борисов го опиша Гоце Делчев како бугарски револуционер и македонски војвода

Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов го идентификува Гоце Делчев како „бугарски револуционер“ и „македонски војвода“, означувајќи го како „еден од најсилните симболи на заедничката историја со Република Северна Македонија“.

„Денеска навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го дададе животот за слободата на Македонија и Одринско. Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја, која лежи во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Неговата саможртва нека ни биде и пример за тоа како час поскоро да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечна му слава!“, објави Борисов на Фејсбук.