„Членството на Северна Македонија во ЕУ е важно, но не може да се биде на наша ссметка трошок, со прекројување на историјата“, изјавил денеска по консултативната средба „за Македонија“ кај претседателот Румен Радев, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарски медиуми едногкласни во оценката дека по денечната средба кај Радев, нема да има безусловна поддршка за отпочнување преговори на Македонија во ЕУ.

„Јас секогаш велев дека до вчера говорецвме дека сме еден народ. Да прифатиме дека сме братски народи. Да не ја продолжуваме оваа убиствена војна од страна на Скопје, затоа што немаме поблиски луѓе и народ. Да ја запреме Северна Македонија на нејзиниот пат, ќе значи во историјата дека откако сите 27 земји ја поддржале, Бугарија ја запрела.