Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на прес-конференција рече дека земјите-членки на ЕУ ќе воведат нови санкции против Русија што е можно поскоро поради референдумите во Донбас и во областите Запорожје и Херсон, објави АП.

На 20 септември властите на Народната република Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје, одлучија да одржат референдум за приклучување кон Руската Федерација.

Борел рече дека „дополнителни рестриктивни мерки против Русија ќе бидат воведени веднаш, што е можно поскоро, во координација со нашите партнери“.

Борел ова го изјави по неформалниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Њујорк, каде што тие усвоија декларација „најостро ја осудуваат последната ескалација од страна на Русија“.

„Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата воена помош и да истражуваме нови рестриктивни мерки против Русија“, рече првиот човек на ЕУ.

Тој исто така додаде дека земјите од ЕУ ќе продолжат да ја поддржуваат Украина со обезбедување воена опрема и оружје.