Шефот на надворешната политика на Европската унија, Жозеп Борел, ја потврди желбата на заедницата да бара решение за конфликтот во Украина со сила и да ја прошири воената помош за земјата.

Тој ја даде изјавата при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург разговараат за дополнителни опции за поддршка за Украина.

„Да, војните се добиваат или губат на бојното поле“, рече Борел на прашањето дали е подготвен да ја потврди својата изјава во Киев дека војната во Украина „мора да се добие на бојното поле“.

„Ќе разговараме за проширување на помошта за Украина“, рече тој, цитиран од прес-службата на Европската комисија.

По минатонеделната посета на украина тој информираше дека одново е отворена мисијата на ЕУ во Киев.