Бомби по пошта за Обама, Клинтон и Си-ен-ен

Американските федерални агенти идентификувале две сомнителни направи испратени до поранешниот претседател Барак Обама и до поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, објавијаод Тајната служба.

Една од претпоставените „пеколни направи“ била испратена во домот на Клинтон во округот Вестчестер, Њујорк, а беше пронајден во вторникот, додека втората, што јадобил Обама, беше пронајден рано утринава.

Уредите беа слични на оној пронајден во понеделникот испратено во домот на Џорџ Сорос.

Денеска поради сомнителна бомба биле евакуирани простории на новинари на Си-ен-ен.

Полицијата од Њујорк потврди дека во канцелариите е пронајдена сомнителна направа, но не е ејасно дали овој „пакет“ е сличен на другите.

Според извештаите во медиумите, полициските извори велат дека во една пратка била пронајдена металната цевка, која изгледа како рачно изработена бомба.