Болтон: Пуч во Москва единствен начин Вашингтон да ги постигне своите цели во Европа

Поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, инсистира дека само „промена на режимот“ во Москва може да ги постигне долгорочните цели на САД во Европа.

Тој предложи да се финансираат руски „дисиденти“ кои би можеле да се здружат со офицери од средно ниво за да го соборат претседателот Владимир Путин со државен удар.

„Нема долгорочна перспектива за мир и безбедност во Европа без промена на режимот во Русија“, тврди Болтон во написот со наслов „Путин мора да замине“, кој беше објавен од онлајн журналот „1945“.

Промената „мора да вклучува многу повеќе од едноставно замена на Путин“, според Болтон. „Целиот режим мора да си замине“.

Додека служеше како советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Болтон се залагаше за политики за промена на режимот во Куба, Венецуела и Иран – и ја попречи дипломатијата на Трамп со Северна Кореја, по што беше разрешен во септември 2019 година. Сепак, официјалната позиција на САД за Хавана, Каракас и Техеран не се промени откако сегашниот шеф на државата Џо Бајден ја презеде функцијата.

„Внимателно помагање на руските дисиденти да продолжат со промена на режимот може да биде единствениот одговор. Клучот е самите Руси да ги продлабочат поделбите меѓу оние со вистински авторитет, ‘силовиките’… Штом ќе се распадне кохерентноста и солидарноста на режимот, можна е промена“, смета Болтон, според кој „Русите веќе разговараат за тоа, тивко, од очигледни причини“. Тој ја отфрли загриженоста дека Русија е нуклеарна сила, велејќи дека „тоа не е повеќе аргумент против барањето промена на режимот отколку против помагањето на украинската самоодбрана“.

Болтон, исто така, ја обвини Москва дека ја урива американската влада „многу децении“ и оти го разнела сопствениот гасовод „Северен тек“.

„Очигледна стратешка цел на Вашингтон е Русија да се усогласи со Западот, да биде соодветен кандидат за НАТО, како што се надевавме по распадот на Советскиот сојуз“, тврди тој. Целта на САД „за мирна и безбедна Европа… останува централна за нашите национални интереси. Не е време да се биде срамежлив“, заклучува човекот што извршувалк функции под републиканските претседатели Роналд Реган, Џорџ Х.В. Буш и Џорџ В. Буш. Администрацијата на Бајден тврди дека Иран планирал да го убие.