Во болниците низ земјава моментално лежат 888 заразени или сомнителни пациенти со ковид-19, а оваа бројка е повеќе од алармантна.

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Д-р Жарко Караџовски, вели дека здравствениот систем во земјава може да згрижи само 1.000 такви пациенти.

Според ова, во болниците низ земјава засега може да се најде празен кревет за уште стотина пациенти, а ако се земе предвид просекот од по 40 хоспитализирани лица на ден, тогаш лесно би било да се пресмета дека здравствениот систем буквално „дише на респиратор“, алармира Плусинфо.

Сè што ќе биде повеќе од 1.000 хоспитализирани пациенти, објаснува Д-р Караџовски, ќе претставува сериозен предизвик за земјава.