Болничарот Јовица Ѓоргиев, вработен во Брзата помош во Скопје, кој е на летување во Саранда – Албанија вчера успеа да го спаси животот на 15 годишна давеничка, настан за кој говори цела Албанија, дознава порталок Кластер.мк.

На плажата во Саранда било извадено девојче без знаци на живот и помодрено. На нејзина среќа, на плажата летувал Ѓоргиев.

Според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило. Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност.

За овој случај самиот Јовица Ѓоргиев се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели што точно се случувало: