,,Болни сте”: Граѓани за владината пропаганда при враќање на починатите од Бугарија (ФОТО – ЛИНКОВИ)

Стотици граѓани на социјалните мрежи со индигнација го отфрлаат политичкото однесување на владата и претседателот Пендаровски при враќањето на загинатите во изгорениот автобус на Беса Транс во Бугарија.

За нив неприфатливо е владата од враќањето на телата да прави политички настан кој се пренесува во живо и да се обидува да заработи политички поени затоа што организирала враќање на телата.

Најголеми критики во овој контекст доби советникот на премиерот Заев за комуникации Марјан Забрчанец кој на социјалните мрежи направи најава за преносот во живо кој го прави МТВ, небаре се работи за концерт или самит на ЕУ.

Забрчанец на фотографијата која најавува пренос од враќање на тела на мртви луѓе провокативно пишува “going live soon” или во превод “наскоро одиме во живо”.

Во продолжение повеќе реакции од лути граѓани кои сметаат дека владата чии институции не превенираа катастрофа во која загинаа 45 луѓе не смее да се слика и да прави настан од враќањето на телата:

#тажно е од што прават реклама!
1.Трагично погинатите не биле службено таму, нити се сите од иста државна институција, нити се војска, Службени лица на некаква мисија, туку се само граѓани кои како и сите несреќи се трагично погинати во сеуште не јасни околности.
Лесна им земја🙏

1. Автобус без лиценца – надлежни Мин.за транспорт и врски;
2. Лажни таблици- надлежни МВР;
3. 150 пати поминал граница- надлежни Царинска управа;
4. Шофери невработени – надлежни Мин.за труд
5. Газдата затајува данок од непријавени возила – надлежни УЈП при Мин.за финансии
6. Го викнала Вилма и го прашала дали шверцувал нешто, он рекол НЕ и го пуштиле – надлежни ОЈО;
7. Умираат 45 луѓе – свечен дочек на сандаците со видео бим!

Крив е патот во Бугарија, Алах така сакал!

Никад нема да не бидне!

Што ти е смешно премиере?