На плоштадот „Македонија“ во Скопје е монтиран првиот ринг на отворено, подарок од Србија во рамките на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ чија членка, покрај двете земји, е и Албанија.
На рингот се одвива завршницата од Регионалната боксерска лига, а по нејзиното завршување ќе остане во сопственост на Боксерската федерација на Македонија за понатамошен развој на благородната вештина во земјава.
За трофејот во првото издание на ова натпреварување, чиј учесник беше и боксерскиот клуб Вардар, вечерва од 20 часот ќе се борат Црвена звезда и Лозница.