Боки 13 вели дека има рак, ја колнел Русковска

„Не викајте Брза помош. Јас сум со рак на желудник, треба да одам на операција. Екипата на Брза помош ќе дојде, пак ќе ми стави дијазепам и јас полусвесен ќе го следам судењето. Не, благодарам судија!“, рече Бојан Јовановски на денешното рочиште за „Рекет“.

Неговата адвокатка претходно побара судењето да се одлоижи зашто Јовановски цела ноќ повраќал на што судијката Васка Николовска-Масевска предложи да биде повикана брза помош.

Пред почнувањето на рочиштето, Бојан Јовановски упатил клетви кон обвинителката Русковска.

„Што се смееш на малигнозна состојба? Господ нека ти врати! Вршиш тортура врз мене и тоа сите го гледаат!“, рекол Јовановски по што обезбедувањето го изнесе, па пак го врати во судницата, пренесе СакамДаКажам..