Обвинителот Трајче Пеливанов побара соодветни казни за сите обвинети во случајот Меѓународен сојуз. Тој истакна дека обинетите свесно ги починиле делата и затоа треба да бидат казнети.
Тој исто така објасни дека Боки13 треба на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски да им ја надомезти штетата.
„Измамата била направена за задоволување на личните материјални итереси на Бојан Јовановски. Но оваа измама не можела да се оствари доколку покрај него не биле обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Фросина Ременски и Христина Блажеска.
Се што правеле, правеле заедно. Односно, како ќе измамите некој да ви плати над 719.000 евра, ако не оставите сигурен впечаток дека станува збор за сериозни луѓе“, истакна Пеливанов.
Пеливанов објасни дека Бојан немал никаква трансакциска сметка а пак неговиот татко никакви приходи подолго време и затоа и нема покритие за парите што ги пуштил во промет.
Според обвинителот, Јовановски со парите од оштетените си ја отворил 1ТВ како и за лични цели.
