Боки 13 со кривични пријави за функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, претпладнево е префрлен од истражниот затвор во Шутка во Скопското обвинителство за да пријави кривични дела поврзани со случајот „Рекет“, за кој неодамна беше осуден на девет години затвор.

Неговиот адвокат Антонио Дуковски за телевизија Телма не прецизира на колку и на каков профил лица се однесуваат пријавите, а самиот Јовановски претходно тврдеше дека има докази за функционери и за бизнисмени.

При изрекувањето на пресудата Боки 13 ги наведе Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев како лица кај кои што завршиле парите од изнудувањето, што експремиерот и лидер на СДСМ го негира.