Српски „Курир“ го продолжува серијалот написи за Боки 13 и неговата инвовираност во скандалот Рекет.

Во последниот напис „Курир“ , повикувајќи се на свои извори пишува дека Бојан Јовановски нљаводно испратил порака до државниот врв на Македонија со барање да биде преместен на психијатриското одделение, а доколку тоа не биде сторено во рок од три дена, ќе изнесел во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, за што наводно, поседувал клучни докази против Зоран Заев.

„Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добор, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инекции за смирување…Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција“, вели изворот од Скопје за српски „Курир“.

Некои од досега објавените написи беа експресно демантирани.