Бојко Борисов пак ќе биде премиер!?

Никој во ГЕРБ не разговара за идејата за оставка на Бојко Борисов од лидер на партијата, а не се исклучува можноста Борисов повторно да биде премиер, „како и секогаш во кризна ситуација“, вели членот на партијата Тома Биков.

Според него, партија на Борисов, ќе се обиде да формира кабинет по изборите на 14 ноември.

Оценката на ГЕРБ е дека земјата е во тешка ситуација со продлабочена економска и политичка криза.

Биков ја коментираше и најновата анкета на Алфа Рисрч, која јасно покажа колапс на партиите кои одбија да преземат одговорност по последните избори, и одржување на позициите на оние формации кои беа подготвени да влезат во владата.