Додека се лутиме другите како слават свои празници, вееле знамиња, пееле песни итн.
Се прашавме ли ние како ги славиме нашите?!

Ова прашање го поставува пејачката Бојана Скендеровски која на Македонците им поставува повеќе провокативни прашања:
Дали си го почитуваме знамето🇲🇰? Има ли секој од нас дома македонско знаме?!

Бојана која е мајка на две децс јавно поставува дилема дали ние како родители ги научивме ли нашите деца како се пее Денес над Македонија се раѓа?🇲🇰

,,Има ли претстави во школите и градинките кои ќе ги учат најмалите за националниот дух, им поделивме ли знаменца на првиот час и на секој важен празник?

Ги учиме ли да си ја сакаат земјава, и тоа не само со зборови, дали сме ние пример на кој ќе се угледаат?!🇲🇰

Колку има македонска музика по радијата?🇲🇰
Има ли македонска продукција по телевизиите?🇲🇰
Купуваме ли македонски производи, или ги потценуваме од старт?! Другите се гордеат кои се и што се, и од каде се, дали ние сме такви?!

Затоа не се лутете, да почнеме од нас, зошто само од нас зависи”, пишува во емотивниот пост Бојана која никогаш не одбива покана да ја испее македонската химна на спортски и други јавни настани и да го испочитува македонскиот фолклор преку изведба на традиционални македонски песни.