Богослужба на македонски јазик во Вселенската патријаршија (ВИДЕО)

Во соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул се одвива заедничката литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Станува збор за историска богослужба откако во четвртокот вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската архиепископија (ОА) во богослужбено и канонско единство, а вчера делегацијата на ОА молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх.

На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. На свечениот чин присуствуваат и верници од Македонија.