Градоначалникот на Карпош и член на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, ја поткопа позицијата за уставното име на својот партиски лидер Зоран Заев, пишувајќи Македонија во твит истиот ден кога премиерот му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ја поддржи нејзината резолуција за Бугарија, бидејќи во неа не стои „Северна“.

Поранешниот пратеник и експретседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) „грешката“ ја направи во објавата на Твитер за приемот на пливачката Миа Блажевска Еминова, која ќе ја претставува Македонија на претстојните Олимписки игри во Токио.

Твитот на Богоев коинцидира со објавата од Заев на првите 30 кандидати за градоначалници на локалните избори во октомври, меѓу кои го нема градскиот татко на скопската општина.