Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2 во Берово под власт на СДСМ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имотот од 7.500 м2, до езеро е купен лани, на 7-ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори. Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс.
Сето ова се случува во Берово, каде локална власт е СДСМ, партија во која Богоев е потпретседател. Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по 4 годишен мандат во општина Карпош.
Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?, прашуваат од партијата.
